Белгискиот интернационалец Еден Азар важи за едно од најголемите промашувања во историјата на Реал Мадрид. Тој летово се замина од “Сантијаго Бернабе“ и се уште нема клуб. Се појавија шпекулации дека тој ќе биде ново засилување на ѕвездената екипа на Дејвид Бекам во САД, Интер Мајами, но засега нема ништо од реализацијата на овој трансфер.
– “Се уште сум спосебен да играм на високо ниво, барем уште некое време. Секако одморав претходните две-три години. Телото ми е добра состојба, одморав три години и имам доволно енергија. Иднината? Не знам навистина. После три компликувани години сега сакам само да поминам време со семејството и да одам на одмор како и сите други. Прочитав многу глупости претходните неколку години.“ – рече Азар.
Многумина ваквата изјава ја протолкуваа како најава за крај на кариерата на белгискиот интернационалец.