Екипата на Интер Мајами продолжува да победува и веќе е во полуфиналето на северноамериканскиот Лига куп. Петти натпревар по ред екипата од Мајами победува со Лео Меси во составот, а аргентинецот на сите пет натпревари се запишува во листата на стрелците.
Најнова жртва на Меси и Интер Мајами беше екипата на Шарлот која беше совладана со 4-0, а најдобриот фудбалер на светот беше стрелец на последниот погодок за “розовите“ во 86-тата минута.
https://twitter.com/_Wessinho/status/1690189080670470144?s=20
Така Интер Мајами од екипа која два месеци немаше победа пред доаѓањето на Меси, стана екипа кој е страв и трепен во САД и реди само победи.
За екипата на Интер Мајами настапија и Бускетс и Алба.