Екипата на Интер Мајами планира да создаде вистински дрим-тим и откако веќе се договори со Лионел Меси и Серхио Бускетс, како и со Тата Мартино да биде нов тренер, сега мерка уште засилувања кои настапуваа за Реал Мадрид и Барселона.
Покрај Меси и Бускетс, Интер Мајами преговара со Жорди Алба, кој си замина од Барселона, се обидува да го убеди Луис Суарес да не размислува за пензија и да се пресели во МЛС-лигата, а сега сака да донесе двајца играчи кои го носеа дресот на Реал Мадрид.
Inter Miami are interested in signing Eden Hazard. They want to convince the player to join Barça legends Leo Messi and Sergio Busquets at MLS.
— @relevo pic.twitter.com/Xfswse1Ne8
— Barça Universal (@BarcaUniversal) July 5, 2023
Интер е заинтересиран да ги потпише и Серхио Рамос, кој си замина од ПСЖ, како и Еден Азар, кој пак го напушти Реал Мадрид. Азар изминатите четири години беше член на Реал Мадрид, но повеќе беше на клупата за резервни играчи и на рехабилитација отколку што играше и беше прогласен за најлошо засилување за Кралевите во историјата.
Освен Интер Мајами, Азар има уште една опција, тоа е враќање во Белгија, и тоа во редовите на Моленбек.