Лионел Меси одигра само 37 минути во последните четири меча за Интер Мајами. Аргентинецот прво отсуствуваше поради репрезентативни обврски со Аргентина, а кога се врати, имаше мала повреда. Аргентинецот потоа беше стартер на дуелот против Торонто (победа од 5:0), но играше само 37 минути, кога принудно беше заменет поради повреда.
Токму поради таа повреда, Меси не играше и на последниот меч на гости кај Орландо, а резултатот на крајот е 1:1. Освен Меси, на овој меч не играа ниту преостанатите две поранешни ѕвезди на Барселона, Жорди Алба и Серхио Бускетс. Без оваа ударна тројка, Мајами освои само еден бод.
Во трите последни меча на коишто Меси воопшто не играше, Интер Мајами има една победа, пораз и нерешено. Следниот меч за Интер Мајами е на 5 октомври, и тоа во финалето на Купот, а ривал ќе биде Хјустон Динамо. До тој меч има уште 10-тина дена и се очекува Меси да биде подготвен во борба да донесе нов трофеј во клупските витрини на тимот од Флорида.