14.8 C
Skopje
недела, 28 септември 2025

Интер Мајами не победи на терен, но победи надвор, ќе го продолжат договорот со Меси

Капитенот на Интер Мајами, Лионел Меси, се согласил со сите услови од својот нов договор со клубот, објави познатиот новинар Николо Скира.

Тековниот договор на 38-годишниот Аргентинец е со важност до крајот на годината. Се шпекулира дека договорот е до крајот на 2028 година, што може да значи дека  Меси планира да игра и на Светското првенство во 2026 и на Копа Америка во 2028.

Инаку доцна синоќа Торонто и Интер Мајами одиграа нерешено 1-1 во натпревар од регуларната сезона на американската МЛС лига. Со освоениот бод, Интер остана втор во Источната конференција, но има и два натпревари помалку, па во игра е и за првата позиција пред плејофот.

- Оглас -

Најнови вести