Интер Мајами не се шегува: Пристигнуваат две ѕвезди на шпанскиот фудбал

Екипата на Интер Мајами и нејзиниот сопственик Дејвид Бекам очеигледно немаат намера да останат само на трансферите на Лео Меси и Серхио Бускетс. Планот е да се направи конкурентна екипа со ѕвездени имиња.

Следни на списокот кои ќе потпишат со клубот од САД се Серхио Рамос од ПСЖ и Жорди Алба од Барселона.

Договорот на Рамос со ПСЖ заврши летово, а фудбалерот сакаше да се врати во Севиља, клубот каде ја започна кариерата, но од тоа нема да биде ништо бидејќи клубот од Андалузија е во големи финансиски проблеми. Имаше понуди и од Саудиска Арабија, но Рамос кога веќе мора да си оди од Европа, ќе се одлучи за преселба во САД.

Слично е и во Жорди Алба, кој после 11 години си замина од Барселона, откако не му беше продолжен договорот. Сигурно дека големо влијание за неговата одлука да оди во САД има и Лео Меси.

- Оглас -

Најнови вести