28.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Интер Мајами не успеа да победи без суспендираните Лео Меси и Жорди Алба

Интер Мајами не успеа да го победи лидерот во Источната конференција, Синсинати, во меч од МЛС лигата. Натпреварот заврши без голови (0-0).

Ова реми му одзеде два важни бода на Синсинати и ја симна екипата од врвот на табелата. На првото место се искачи Филаделфија унион, која победи со 3-1 против Колорадо рапидс и сега има 50 бодови, еден повеќе од Синсинати (49).

Големо влијание врз резултатот имаше отсуството на две од најголемите ѕвезди на Интер Мајами, Лионел Меси и Жорди Алба. Двајцата беа суспендирани за овој натпревар, бидејќи го пропуштија „мечот на ѕвездите“ во МЛС. Сепак, тие наскоро ќе се вратат на терен, а на тимот ќе му се приклучи и новото засилување, Родриго де Пол, кој беше официјално претставен пред почетокот на дуелот со Синсинати.

Во составот на Интер Мајами против Синсинати настапија други две звучни имиња од проектот на Дејвид Бекам, Серхио Бускетс и Луис Суарес.

Ова беше последен меч за Интер Мајами во МЛС, а во наредните две недели тимот на Хавиер Маскерано ќе се натпреварува во Купот на лигите на Северна и Централна Америка. Во рамки на тој турнир, ќе одиграат три натпревари против мексиканските екипи Атлас (31 јули), Некакса (3 август) и УНАМ Пумас (7 август).

- Оглас -

Најнови вести