Интер Мајами ја објави состојбата на капитенот Лионел Меси на својата официјална веб-страница.
Аргентинецот се повреди на натпреварот со мексиканска Некакса, напуштајќи го теренот уште во 11-тата минута.
„Резултатите [од прегледот] потврдија блага повреда на мускулот на десната нога. Одлуката за неговото отпуштање од болница ќе зависи од неговата клиничка состојба и одговорот на третманот“, се вели во соопштението.
Тренерот на Мајами, Хавиер Маскерано, како причина за повредата го наведе преоптоварениот распоред. Од 20-ти февруари наваму, 37-годишниот Меси одигра 31 натпревар за Интер Мајами и уште два за репрезентацијата на Аргентина.