Интер Мајами плеј-офот од МЛС лигата го отвори според планот и ја победи Атланта јунајтед со 2-1 на домашен терен. Сепак, она што треба да се истакне е гостинскиот голман, кој на мечот во Мајами забележа дури 10 одбрани, а притоа му ги одбрани сите удари на Лионел Меси, кој не можеше да поверува што прави 40-годишниот голман, Бред Гизан.
Сепак, голманот на Атланта јунајтед капитулираше двапати. Најпрво во втората минута, кога Луис Суарес се запиша во листата со стрелците, а потоа и во 60-тата минута, која Жорди Алба постигна спектакуларен еврогол за победа на Интер Мајами од 2-1.