Екипата на Интер Мајами славеше на гостувањето кај Ванкувер со 2:1 во меч од МЛС шампионатот во САД. За Интер Мајами ова беше 10 победа во 16 меч и со 34 бодови е лидер на Источната конференција, додека Ванкувер останува на седмото место на Западот.
Во Ванкувер со денови владееше еуфорија за овој дуел и фановите очекуваа на дело да ги видат Лионел Меси и Луис Суарес, но од Интер најавија дека тие нема да дојдат. Меси и Суарес не се ни повредени ни суспендирани, но одлуката било дека треба да се поштедат поради згуснатиот распоред на тимот од Мајами.
Разочарани беа фановите кои го наполнија стадионот со капацитет од 55.000 седишта, а на крајот Интер покажа дека и без Меси и Суарес може да победи. Тејлор на асистенција на Жорди Алба погоди за 1:0, а потоа токму Тејлор асистираше за погодокот на Кампања и водството од 2:0 на гостите.
До крајот на дуелот, Ванкувер постигна почесен погодок од пенал.
Robert Taylor with the sauce 👀
Leonardo Campana with the finish 💥@InterMiamiCF takes a 2-0 lead in Vancouver! pic.twitter.com/J7pkC1OcWl— Major League Soccer (@MLS) May 26, 2024