11.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

Интер Мајами прими гол во првата минута, па Меси и Суарес донесоа убедлива победа (Видео)

Фудбалерите на Интер Мајами остануваат на лидерската позиција во Источната конференција на МЛС лигата, откако синоќа го совладаа „фенерџијата“, Њу Ингланд, со убедливи 1-4 на гостински терен.

Домашните дојдоа во водство уште во првата минута, но тоа како да го разлути најдобриот напад во лигата. Лионел Меси со два гола направи комплетен пресврт, па следуваше гол на Бенџамин Кремаши, додека точка на победата стави Луис Суарес.

- Оглас -

Најнови вести