Интер Мајами првпат победи во подготовките, обезбедувањето на Меси повторно имаше работа (Видео)

Интер Мајами ја забележа првата победа во подготвителниот период откако славеше на гости кај шампионот на Панама, Спортинг Сан Мигуелито, со 3-1. Претходно, Интер Мајами одигра нерешено против Университарио Депортес од Перу и Клуб Америка од Мексико.

Во составот на Интер Мајами настапи и Лионел Меси, што беше и најголем магнет за гледачите, па дел од нив одлучија да втрчаат во теренот за да се фотографираат со најдобриот на сите времиња, а тоа значеше и полни раце работа за обезбедувањето на Аргентинецот.

- Оглас -

Најнови вести