Интер Мајами со важна порака поврзана со Лионел Меси

По елиминацијата од Светското клупско првенство, екипата на Интер Мајами се врати на стандардните обврски и се подготвува за продолжување на предизвиците кои ги има во домашното првенство на САД. Интер успеа да ја помине групната фаза од Светско КП, но потоа убедливо со 4:0 загуби од актуелниот европски првак ПСЖ со 4:0.

И покрај убедливиот пораз во нокаутфазата, челниците на Интер се задоволни затоа што ја исполнија мисијата да ја поминат групната фаза. Лионел Меси беше предводникот и најзаслужен за тоа што Интер беше единствениот тим од САД кој помина во нокаут фазата на ова натпреварување.

Актуелниот договор на Меси со Интер истекува на крајот од 2025 година, па веќе има многу шпекулации за тоа каде би можело аргентинскиот виртуоз да игра во следната година. Иако има повеќе опции каде би можел Меси да замине, од Интер Мајами уверуваат дека осумкратниот освојувач на Златната топка нема да мрдне никаде, туку ќе го продолжи договорот.

Меси засега покажува дека е задоволен од тоа што го добива во тимот од Мајами, а се очекува токму таму да биде и во пресрет на Светското првенство кое следното лето ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

- Оглас -

Најнови вести