Кога се игра Дерби Дела Мадонина, првиот гол паѓа максимум за половина час

Само два бода е разлика на табелата во Серија А, меѓу градските ривали Интер и Милан. Нераѕурите имаат 40 бодови и се втори на табелата, додека Црвено-црните со 38 бодови се на петото место, што само покажува колку ќе биде жестока борбата за освојување на позициите кои водат во Лигата на шампиони за следната сезона.

Интер сезонава на „Џузепе Меаца“ има осум победи и само два порази, без ниту едно реми. Во просек домаќинот постигнува по два гола, а прима еден гол на секои два дуели.

Градското миланско дерби последен пат се играше пред 20-тина дена и тоа на неутрален терен во Ријад, кога Интер убедливо победи со 3:0 во Суперкупот. Уште по првите 20 минути, Нераѕурите водеа со 2:0.

Милан е во очајна форма и има четири порази и само две нерешени без победа во последните шест одиграни дуели. Одбраната на Росонерите е „швајцарско сирење“, а тренерот Стефано Пиоли најави дека можно е да игра многу поофанзивно вечерва.

Тоа би било најава за меч повторно со многу голови и тоа постигнати во раната фаза. Пет квота е ако првиот гол биде постигнат во првите 10 минути. На осум од последните девет меѓусебни дуели, за првиот гол не се чекало повеќе од половина час.

Поголеми се шансите Интер да се израдува на првиот погодок, а Лукаку, Џеко и Мартинез се главни фаворити за стрелци за домаќините. Ребиќ и Жиру се адути на Милан и за нив е најмала квотата да постигнат гол.

Во Специјалниот сингл се нудат понуди и за тоа колку корнери ќе има на дербито, кој ќе го изведе првиот или последниот корнер, кој ќе има прва замена, дали ќе има црвен картон или пенал и во чија корист ќе бидат.

- Оглас -

Најнови вести