Интер мора да победи, а Инѕаги ќе одмора седум играчи кои беа стартери против Рома

Интер има една победа и едно реми по првите два меча во Лигата на шампиони. Тимот на Симоне Инѕаги е без примен гол, а вечерва гостува кај Јанг Бојс во рамките од третото коло од елитната лига на УЕФА. Нераѕурите се големи фаворити, а се очекува тренерот Симоне Инѕаги да направи неколку промени во стартниот тим.

Најавено е дека вечерва во стартниот состав ќе ги нема Лаутаро Мартинез, Тирам, Димарко и Бастони, а планот на Инѕаги е да направи вкупно седум промени во почетните 11 во однос на тимот кој играше во дербито против Рома во неделата. Тогаш Интер победи со 1:0 на „Олимпико“ во Рим.

Интер го чека тежок распоред и во следниот период. По дуелот со Јанг Бојс следува ново дерби во Серија А и тоа против Јувентус. Во Лигата на шампиони Интер по Јанг Бојс ќе игра и против Арсенал, Лајпциг и Баер Леверкузен, што значи дека вечерва едноставно не смее да киксне против релативно полесен ривал.

 

[do_widget id=custom_html-5

- Оглас -

Најнови вести