Интер може и без Икарди во Европа

Интер лесно го декласира Рапид Виена и без суспендираниот капитен и главен стрелец Мауро Икарди и со победа од 4-0 во реваншот се пласираше во осминафиналето во Лигата на Европа.

Весино, Ранокија, Перишиќ и Политано ја погодија мрежата на австрискиот тим и само ја надополнија победата од 1-0 од првиот меч.

Проблем немаше ниту за Челзи, кој со нов триумф, вечерва со 3-0 против Малме, се пласираше понатаму, но сензационални елиминации доживеаја фаворизираните екипи на Баер Леверкузен и на Бетис.

Рускиот Краснодар со реми 1-1 на „Бај арената“ успеа благодарение на гол на гости да се пласира во осминафиналето, а Баер испадна. Сулејманов го постигна голот за голем успех на Краснодар, а погодокот на Арангиз беше недоволен за германскиот тим.

На „Бенито Вилјамарин“, Рен со два гола на Бенсбаини и на Хуно во првото полувреме и со погодок на Нијанг во финишот го исфрли од натпреварувањето Бетис. Ло Селсо постигна само почесен погодок за прв пораз сезонава на Бетис на домашен терен и за елиминација од Лигата на Европа. Првиот меч во Франција заврши нерешено 33.

Резултати: Баер – Краснодар 11 (прв меч 00), Интер – Рапид 4-0 (1-0), Бетис – Рен 1-3 (3-3), Генк – Славија Прага 1-4 (0-0), Челзи – Малме 3-0 (2-1), Бенфика – Галатасарај 0-0 (2-1), Динамо Киев – Олимпијакос 1-0 (2-2).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести