21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Интер му го враќа Алексис Санчес на Манчестер јунајтед

Алексис Санчес пред почетокот на сезоната пристигна во Интер како позајмен играч од Манчестер јунајтед и требаше да биде големо засилување за калчолигашот во трката за титулата во Серија А. Иако договорот беше позајмицата да трае една сезона, сепак може да се случи Манчестер јунајтед да го добие чилеанскиот напаѓач назад на „Олд Трафорд“, и тоа до крајот на овој месец.

Поради честите повреди, Санчес во дресот на Интер одигра само седум меча и даде еден гол. Дури и по закрепнување од повредите, Чилеанецот не е прва опција на тренерот Антонио Конте затоа што во нападот загарантирано место имаат Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинес.

На Манчестер му е потребен напаѓач затоа што Маркус Рашфорд е повреден и ќе отсуствува уште неколку недели. Англиските медиуми веруваат дека Санчес во следните два-три дена ќе се врати на „Олд Трафорд“.

 

- Оглас -

Најнови вести