Интер без проблеми славеше на гости кај Торино со 3-0 во последниот денешен меч од италијанската Серија А, и дојде на бод заостанување зад лидерот Јувентус.
Првиот гол го даде Лаутаро Мартинес. Аргентинецот е најопасен на почетокот, има дадено дури осум гола во првите 30 минути од натпреварите. Потоа погоди и Де Врај, а конечниот резултат го постави Ромелу Лукаку. Белгиецот има 10 гола. Десет гола на првите 13 лигашки меча за еден дебитант во Интер не е виден 70 години.
Рекорд постави и тренерот Антонио Конте. Тој е првиот тренер во клупската историја под чие водство тимот дал барем еден гол на првуте 13 средби.