36.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Интер на два дена пред финалето во ЛШ го потврди првото засилување за следната сезона

Интер во сабота го игра финалето од Лигата на шампионите против ПСЖ, но раководството на клубот веќе го договори првото засилување за следната сезона. Се работи за крилниот напаѓач на Олимпик Марсеј, Луис Енрике.

Екипата од Милано за Бразилецот ќе плати 23 милиони евра фиксно, но и дополнителни два милиони евра во бонуси. Договорот на Луис Енрике со Интер ќе биде со важност до 2030 година.

Во трката за потписот на Брзилецот, Интер ги победи Јувентус и Нотингам форест. Луис Енрике сезонава која штотуку заврши настапи на 35 натпревари за Марсеј со ефект од девет гола и 10 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести