Интер не дозволува Наполи многу да избега, Венеција со подвиг за кој чекаше од 1999 година

Интер беше убедлив на гостувањето кај Емполи и победи со 3:0 во меч од 10-тото коло на италијанската Серија А. Нераѕурите имаа лесна задача, посебно откако во 31-вата минута домаќините останаа со фудбалер помалку.

Емполи и со играч помалку одолеваше до 50-тата минута, кога Фратеси погоди за 1:0 за фаворитот. Истиот играч погоди и во 67-мата минута за 2:0, а конечните 3:0 ги постави Лаутаро Мартинез во 79-тата минута.

Со оваа победа Интер стигна до 21 бод, четири помалку од лидерот Наполи.

На три бода се радуваше и Венеција, која на свој терен со 3:2 го победи Удинезе. Гостите од Удине водеа со 2:0, но Венеција не се предаде и направи пресврт за победа каква што немале уште од 20 век.

Венеција немаше победа на меч на којшто губела со два разлика уште од 20 јануари 1999 година, кога со 3:2 го победи Емполи.

- Оглас -

Најнови вести