Голем гест на Интер пред дуелот со Лацио (3-1). Имено, најдобриот Македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, пред преполниот “Џузепе Меаца“ доби врамен дрес од Интер и беше поздравен со оваации од гледачите.
Очигледно, клубот и навивачите, не ги забораваат историските моменти од ерата на Жозе Мурињо, а чиј дел беше и нашиот Горан Пандев.
LEGEND: Goran Pandev 🇲🇰#InterLazio @Inter_en pic.twitter.com/ocbcRQGwru
— Lega Serie A (@SerieA_EN) April 30, 2023
– “Враќањето во Милано ми разбуди многу емоции, стадионот е прекрасен и да се заигра на него е остварување на сонот. Среќен сум што се вратив тука и се надевам на добар меч за Интер“ – рече Пандев пред дуелот со Лацио.