Интер не го искористи киксот на Јуве да избие на врвот во Серија А (видео)

Интер ремизираше со Парма при конечни 2-2 во мечот од деветтото коло во Серија А. На „Џузепе Меаца“ екипата на Антонио Конте го одигра првиот меч кој заврши со нерешен резултат оваа сезона и воедно пропушти голема шанса да избие на челната позиција на табелата пред шампионот Јувентус.

Се чинеше дека Интер ќе го искористи киксот на Јуве против Лече, откако Кандрева донесе предност за домаќините во 23-тата минута. Но, наместо Интер да се обиде да го „убие“ мечот, се случи четириминутен потоп во кој Карамо и Жервињо го свртеа резултатот на 1-2 по половина час игра.

Јасно беше дека ова нема да биде конечниот резултат бидејќи Интер во второто полувреме направи опсада пред голот на Сепе. Одбраната на Парма попушти по само шест минути игра, Лукаку израмни на 2-2, но во продолжението сите нивни напади завршија неуспешно.

https://twitter.com/Lvdc_Vids/status/1188130537334083585

https://twitter.com/InterYaSoul/status/1188142668955738114

- Оглас -

Најнови вести