Италијанската Серија А има нов лидер, тоа е актуелниот првак Интер. Нераѕурите вечерва во Милано на доминантен начин го разбија немоќниот Калјари со 4-0.
Сега Интер има еден бод повеќе од ривалот Милан, три од Аталанта, а четири од Наполи.
Лаутаро Мартинес даде два гола, а утна и пенал, и беше главна ѕвезда на средбата, но најубавиот гол беше дело на Хакан Чалханоглу. Мартинес за првпат во кариерата има серија од четири лигашки натпревари по ред на коишто дава гол.
Погледнете го голчиштето на Чалханоглу:
https://twitter.com/i/status/1470140147140218882