Интер не покажа карактер за Скудетото во Италија и прими гол во финишот на дербито со Рома, за конечни 2:2 и шесто реми по ред на дуелите на овие две екипи.
Кога се чинеше дека гостите имаат се во свои раце, по направенуот пресврт во второто полувреме им се случи голем кикс, а го казни Џанлука Манчини со погодок за 2:2.
Првото полувреме и припадна на „римската волчица“, а Лоренцо Пелегрини погоди во 17. минута за предност на домашниот тим од 1:0.
Интер имаше две големи шанси за гол во првиот дел, но Пау Лопес импресивно интервенираше и ги спречи и Лукаку и Мартинес да погодат од зицер позиции.
https://twitter.com/nachii23/status/1348237011778482179?s=20
Во второто полувреме брзо се случи пресврт на гостите, а го најави Милан Шкрињар со прецизен удар со глава во 56. минута и Ашраф Хакими со еврогол во 63. минута.
https://twitter.com/Metalhead9806/status/1348253106665107456?s=20
Сепак кога се чинеше дека конечно ќе заврши серијалот од реми исходи на дуелите меѓу Рома и Интер, за шесто реми по ред се погрижи Манчини со погодок во 86. минута.
Голот на Манчини можете да го погледнете ОВДЕ.
Интер остана на втората позиција, сега со 37 бода, три помалку од лидерот Милан, а Рома е зад нив со 34 бода на 17 натпревари.