Фудбалерите на Интер за забележаа и шесттата победа по ред во сите натпреварувања, односно осми меч по ред се без пораз, откако го совладаа Удинезе со 2-1 на домашен терен и му побегнаа на Наполи шест бода.
Се чини дека Интер рано ја обезбеди победата со головите на Арнаутовиќ во 12-тата и на Фратези во 29-тата минута и до крајот требаше само рутински да одработи, но Солет во 71-вата минута намали на 2-1 и внесе неизвесност во финишот. Сепак, „нероаѕурите“ успеаја да ја сочуваат предноста и да се радуваат на тешки три бода во борбата за титулата.