1010 Манчестер сити – Брентфорд (20.30 часот)
На Пчелите не им се погоди календарот периодов, викендов играа со Ливерпул и примија четири гола, а вечер гостуваат кај „ранетиот лав“ Манчестер сити, кому победата му треба за да продолжи со потерата по лидерот Ливерпул. Сити има четири бода помалку од Црвените и ако победи вечерва, ќе избие на второ место со минимално заостанување. На Брентфорд, кој има три порази во последните четири кола, не му се пишува ништо добро на гостување кај тим кој секогаш дава гол кога игра на свој терен. Пред две недели во Лондон, Сити го победи Брентфорд со 3-1, со три гола на Фоден.
Предлог тип: 1 & 2+ пол. (2.15)
1018 Саутхемптон – Хал (20.45 часот)
Светците се борат за враќање во Премиер лигата, имаат просек од два постигнати гола по меч, дома ги добија сите мечеви од октомври наваму, а ако победат вечерва, ќе бидат втори на табелата по 33 кола во Чемпионшип. И Хал е во добра форма, има четири победи во последните пет кола и се бори за место во баражот за влез во Премиер лигата. Ова се тимови кои ретко играат нерешено. Во октомври, кога Хал беше домаќин, Саутхемптон победи со 2-1 со гол во 95-тата минута. Хал никогаш не дал повеќе од еден гол на гостување на „Сент Мери“.
Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.73)
1025 Кембриџ јунајтед – Болтон (20.45 часот)
Тука станува збор за дуел од англиската Лига 1 на кој фаворит е гостинот. Болтон е трет на табелата и има добра шанса за влез во Чемпионшип. Кембриџ е 16-ти на табелата, на шест бода е оддалечен од опасната зона која води во ранг подолу. Во минатото коло двата тима одиграа мечеви со 4+ гола. Последните три меѓусебни дуела на овие екипи во Кембриџ беа со 0-2 гола. Болтон точно еден месец не знае за пораз во лигата.
Предлог тип: Х2 & 0-2 (2.17)
6001 Интер – Атлетико Мадрид (21.00 часот)
Ова е можеби и најинтересна осминафинална двојка во Лигата на шампионите, двата тима имаат адути кои им даваат оптимизам дека може да го елиминираат опасниот противник. Интер и Атлетико викендов ги прегазија своите ривали во домашните лиги. Интер е убедлив лидер во Серија А и оди кон титула, а тие лани стигнаа до финале во ЛШ. И Атлетико е опасен во вакви нокаут-мечеви. Нераѕурите и Јорганџиите немаат одиграно официјален меч меѓу себе уште од 2010 година. Интер во меч од 90 минути нема пораз уште од 27 септември.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.81)
6003 ПСВ – Борусија Дортмунд (21.00 часот)
Борусија има проблеми со напаѓачите, повредени се Алер и Адејеми, а и Мален не е фит. Овие тимови повеќе од 20 години не играле официјален меч меѓу себе, а кога имале официјални или пријателски дуели, тоа биле мечеви на кои двата тима давале гол. Дортмунд е во добар ритам, два и пол месеци не знае за пораз, но ПСВ сезонава нема загубено дома и си има свои математики.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)