Интер нема да загуби од Севилја во регуларните 90 минути

Севилја – Интер (фудбал, Лига на Европа финале, 21.00 часот)

Севилја нема пораз од 9 февруари наваму, а и тие се клуб со пет титули во Лигата на Европа, ги добија сите пет финалиња во коишто играа. Интер оди по прв европски трофеј по десет години и има убава прилика, со оглед на самодовербата која ја имаат Нераѕурите по низата триумфи. Ова финале се игра во Келн, на стадион на којшто Интер нема играно, за разлика од Севилја, која таму го совлада Манчестер јунајтед. Интер последен пат загуби на 5 јули, а на последните десет меча на Севилја никогаш немаше повеќе од три гола.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (2.70)

 

Бордо – Нант (фудбал, Франција, 19.00 часот)

Ова е прв меч од новата сезона во француската Лига 1. Французите на 8 март престанаа со играње и не ја доиграа сезоната, па со нетрпение го чекаа стартот на новата сезона. Во подготвителниот период, Бордо одигра четири меча, од кои го доби само последниот, против Ремс на 8 август, и тоа со 4-0. Нант доби две од трите контроли, пред шест дена славеа со 3-1 против Ле Авр. Бордо дома пред паузата имаше три ремија по ред, но традицијата е на страна на домашните. Нант седум години нема победено во Бордо.

Предлог тип: ГГ (2.35)

 

Викторија П’лзењ – Опава (фудбал, Чешка, 18.00 часот)

Прв натпревар од новата сезона во чешката лига и тука домашните се огромни фаворити според сите параметри. Прашање е само дали ќе бидат убедливи или скромни во победата. Во минатата сезона тимот од П’лзењ беше втор на табелата зад Славија, а Опава се спаси од испаѓање. Во подготвителниот период, П’лзењ ги доби сите мечеви и не прими ниту еден гол. Опава не победи никого, а на сите три меча и даваше и примаше гол. Опава во лигата не знае за победа над Викторија уште од 2004 година.

Предлог тип: 1-1 (1.49)

 

Аргеш – Ботошани (фудбал, Романија, 17.15 часот)

Стартува и романската лига со меч на којшто ќе настапи Давид Бабунски, кој летово потпиша за Ботошани. Овој тим немаше многу одмор бидејќи до 1 август играа плејоф. Аргеш од Питешти е нов прволигаш и мотивите на дебито како прволигаши ќе им бидат огромни, но можеби и ќе подлегнат на притисокот од големите очекувања. Аргеш и Ботошани никогаш не играле меѓу себе, па можни се секакви изненадувања.

Предлог тип: 3+ (2.20)

 

Бруклин нетс – Торонто репторс (кошарка, НБА плејоф, 19.30 часот)

Канадскиот тим води со 2-0, но на вториот дуел Мрежичките дадоа посилен отпор отколку на првиот. Ако тој тренд продолжи, може да биде неизвесно, па дури и Нетс да извојува победа со која би ја вратиле неизвесноста во оваа серија. Бруклин не може да смета дури на деветмина играчи, меѓу кои и трите најголеми ѕвезди, Дурант, Деандре Џордан и Ирвинг, па шампионот Торонто не би требало да си дозволи кикс. Репторс имаат девет победи на последните десет меча против Бруклин.

Предлог тип: 2 двојна (1.70)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Пролетер НС – Црвена ѕвезда 2-2 & 2-5 (2.40)

Бордо – Нант 1+I & 1+II (2.35)

Севилја – Интер Х2 & 2-5 (1.95)

- Оглас -

Најнови вести