Големо италијанско дерби се игра на „Џузепе Меаца“ во Милано каде Интер е домаќин на Рома. Двете екипи имаат мотиви за победа. Интер е лидер и сака да се зацврсти на чело на табелата за побрзо да стигне до скудетото, додека Рома е во потера на место кое води во Лига на шампиони за следната сезона.
Интер е во улога на фаворит, игра на свој терен, но не треба да се заборави дека Нераѕурите беа очајни во последните три кола и освоија само два бода, што значи дека се под притисок за повоторно да не киксираат. Ако се додаде и ремито без голови против Комо, тоа значи дека последната победа на Интер е од 20 февруари против Џенова со 2:0.
И Рома не е сјајна па има само една победа во последните шест средби што ги одигра. Ако се погледне традицијата од меѓусебните дуели, на четири од последните пет меча, имало само еден гол, кој се покажувал како решавачки за победа (три пати Интер славел со 1:0, а еднаш Рома).
Лаутаро Мартинез е главен фаворит за прв стрелец на погодок, а добра комбинација е дека Аргентинецот ќе даде гол а Интер ќе победи. Вкупно 15 играчи се во понудата за стрелец на погодок, а има и други одлични комбинации. Тука се и статистичките игри, па може да се погаѓа бројот на изведени корнери, шутеви во рамките на голот, направени фаули, добиени жолти картони…


