Лионел Меси најверојатно ќе биде подготвен за дуелот против Интер во второто коло од Лигата на шампионите. Мечот се игра в среда, на „Камп ноу“, а Интер доаѓа со перфектен биланс од домашното првенство, но и со кикс на свој терен во ЛШ против Славија Прага (1:1).
Меси сезонава само еднаш беше стартер, и тоа на мечот против Вилјареал, кога повторно се пожали на повреда и беше повлечен од игра на полувреме. Аргентинецот денеска се врати на тренинг и би требало да биде во стартниот тим за мечот против Интер.
Барселона конечно успеа да победи два меча по ред откако славеше против Вилјареал, додека и триумфираше на гости кај Хетафе, а сега Каталонците очекуваат „хет-трик“ на мечот против Интер.