Интер водеше со 3:2 на гости кај Јувентус до 10-тина минути пред крајот, но на крајот Нераѕурите згубија со 4:3. Тренерот на Интер, Кристијан Киву е разочаран што не говиот тим загуби на меч на кој беше во добитна ситуација.
„Губевме двапати и го свртивме резултатот во наша корист, но во последните десет минути бевме лоши. Дојдовме во Торино барајќи победа, но ни недостасуваше јасност. Не гледам на индивидуално ниво, не е во ред да се зборува за поединец. Можевме подобро да ја контролираме топката. Одиме напред, гледаме што сме направиле добро. Овој тим работи напорно и добро, но за жал си заминуваме разочарани од ова гостување“, рече Киву по поразот од Јувентус.
По првите три кола, Интер има два порази, што е најлош старт на Нераѕурите уште од 2011 година.