21.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Интер немал ваква низа во 21 век

Интер ја покажа шампионската сила и убедливо со 6:1 славеше над Болоња, во меч од четвртото коло во Серија А. Со овој триумф Нераѕурите сега имаат 10 од максималните 12 бода во првенството. Лаутаро Мартинез ја најави убедливата победа со гол по само шест минути игра. До крајот на првиот дел, за домаќините погодија и Скринијар и Барела.

Во вториот дел Вечино погоди за 4:0, а потоа следуваа два погодоци на Един Џеко. Пред крајот на мечот, гостите дадоа почесен гол. Со оваа победа, Интер стигна до третиот меч во низа во првенството на кои постигнува барем по четири гола. Ова е прва ваква ефикасна низа во 21 век за Интер.

 

- Оглас -

Најнови вести