Интер Милано објави дека нивниот капитен и напаѓач Лаутаро Мартинез, има истегнување на флексорниот мускул на левиот бут и состојбата ќе се оценува од ден во ден. Аргентинецот е во трка со времето и крајно неизвесно е дали ќе може да му помогне на својот тим на реваншот од полуфиналето на ЛШ против Барселона во вторник.
Лаутаро утре против Верона сигурно нема да биде во составот, а за во вторник проценката е дека шансите се мали да заигра, најдоброто сценарио е да биде резерва и евентуално да игра само во дел од второто полувреме.
Капитенот на Интер постигна 21 гол на 47 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона и неговото отсуство на толку важен меч ќе биде хендикеп за тимот.