11.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Интер од првата минута ќе го нападне Шериф

Интер на првата победа во Лигата на шампионите сезонава се израдува дури во третото коло, кога на „Џузепе Меаца“ со 3:1 го победи Шериф Тираспољ. Овие две екипи ќе играат и вечерва, но овојпат во Молдавија, што значи дека Шериф ја има предноста на домашен терен.

По три одиграни кола, Шериф и Реал Мадрид имаат по шест бодови, а Интер е трет со четири бода. Тоа значи дека Нераѕурите нема што многу да калкулираат и едноставно треба да одат на победа на ова гостување.

Најавите се дека тренерот на гостите, Симоне Инѕаги, нема многу да калкулира и планира да излезе во офанзивна формација со засилен среден ред и двајца напаѓачи (3-5-2). Задолжени за голови ќе бидат Един Џеко и Лаутаро Мартинез.

„Ова е решавачки меч. Свесни сме дека треба да го земеме целиот плен од двомечот со Шериф. Најдовме добар ритам, покажавме дека можеме да бидеме силни во Европа. Шериф игра добро во контранападите и не смееме да го потцениме. Тоа е тим кој ги победи Шахтар и Реал Мадрид“, рече Инѕаги пред мечот.

Се очекува Шериф да биде во подефанзивна линија со формација 4-2-3-1. Во тимот на домаќинот ќе го нема македонскиот репрезентативец Бобан Николов, кој е повреден.

 

- Оглас -

Најнови вести