Сопственикот на Интер, Кангјанг Жанг, кого италијанските медиуми го пишуваат Стивен Жанг, одлучи да ги стави Нераѕурите на продажба и веќе има сериозен купувач.
Тој за продажба на актуелниот европски вицешампион бара 1,3 милијарда евра, а најзаинтересиран за купување е инвестицискиот фонд од Бахреин, „АД Спортс ТВ“.
Жанг во 2016 година го купи Интер, но поради банкротот на неговата компанија „Сунинг“, веќе извесно време се обидува да го продаде италијанскиот тим.
„Ако дојде до договор, тоа ќе биде рекордна продажба на фудбалски тим во Италија. Жанг извесен период се обидува да го продаде Интер, а голем интерес пројавува инвестицискиот фонд од Бахреин. Челниците на ‘АД Спортс ТВ’ не сакаа да дадат коментар“, пишуваат италијанските медиуми.