Фудбалскиот клуб Интер од Милано официјално го претстави своето ново лого кое тимот ќе го има на своите дресови од следната сезона, кога Нераѕурите можеби ќе бидат шампиони на Италија.
Новиот амблем има три бои: во црн круг со син централен дел има стилизирани бели букви ИМ, кои ги претставуваат иницијалите на клубот Интер Милано. Буквите ФЦ за фудбалски клуб како и златната боја исчезнаа од логото, а сината боја е подоминантна отколку во досегашното лого.
Претседателот на Интер, Стивен Џанг, инсистираше во логото да ги има буквите И и М, најмногу поради тоа што освен Интер Милано, со тие букви на англиски јазик се пишува и „Јас сум“, па им одговара за рекламите. „Моето име е историја, јас сум Интернационале Милано“, гласи слоганот кој беше објавен од клубот по повод новиот амблем.
Еве како изгледа новото лого на Интер: