32.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Интер остана без Европа, ама во лигата си победува

Ремито на Милан против Џенова од 2-2 и победата на Интер од 1-0 над Наполи значеа дека двата тима од Милано колото број 12 во Серија А го завршија на првите две позиции на табелата.

Росонерите без Ибрахимовиќ губеа, но извлекоа реми кај Џенова, кај која го немаше Пандев. Милан има серија од 14 меча по ред на кои дава барем два гола и тоа е нов италијански рекорд. Сепак, одбраната не им е на ниво во последно време, па и со два гола не можат да победат. Интер со гол од пенал на Лукаку го доби Наполи, за кого Елмас влезе во игра дури во 84-тата минута, па тимот на тренерот Конте ги искористи киксевите на Јуве и Милан и се проби на второто место.

Интер испадна од еврокуповите и до крајот на сезонава ќе се фокусира само на домашна сцена, што може, особено напролет, да им биде од полза во трката за Скудетото.

Изненадување претставува поразот на Верона дома од Сампдорија.

- Оглас -

Најнови вести