Напаѓачот на Интер, Маркус Турам, ќе отсуствува од терените околу еден месец поради повреда на бутниот мускул, објавија италијанските медиуми.
Францускиот репрезентативец првично го минимизираше проблемот по победата на Интер од 3-0 над Славија Прага во Лигата на шампионите во вторникот навечер, но последните прегледи покажуваат дека ќе биде потребно подолга пауза, најмалку до 25 октомври.
Ова значи дека Турам ќе ги пропушти клучните натпревари во Серија А, вклучувајќи го дуелот со Рома на 18 октомври, мечот од Лигата на шампионите со Унион Сен Жилоа на 21 октомври и можеби гостувањето кај Наполи на 25 октомври.
Со оглед на густиот распоред на натпревари, тренерот на Интер, Кристијан Киву, ќе се соочи со тешката задача да ја преуреди напаѓачката линија на тимот. Турам досега има пет гола и две асистенции на седум натпревари во оваа сезона.