Екипата на Интер им се приклучи на Милан, Наполи и Верона со максимален ефект на врвот од Серија А. Избраниците на Симоне Инзаги вечерва забележаа рутинска победа од 0-2 на гостувањето кај Каљари.
Резултатот го отвори Дензел Дамфрис во 21-вата минута и го доведе Интер во водство од 0-1.
https://twitter.com/harrisonfcb4/status/1696239041736241531?s=20
Конечните 0-2 ги постави Лаутаро Мартинес во 30-тата минута.
https://twitter.com/harrisonfcb4/status/1696241771359969636?s=20
По две првенствени кола во Серија А, Милан, Наполи, Интер и изненадувањето Верона имаат по максимални шест бодови.