28.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Интер ова лето го купи Залевски и веќе го продаде на Аталанта

Интер и Аталанта постигнаa договор за трансфер на полскиот репрезентативец Никола Залевски во Бергамо, пренесуваат италијанските медиуми. Вредноста на зделката изнесува околу 17 милиони евра.

Интересно е тоа што летово Интер го откупи Залевски од Рома за 6,3 милиони евра, откако претходно во јануарскиот преоден рок играчот пристигна на „Џузепе Меаца“ како позајмен фудбалер за сума од 600.000 евра.

Иако се очекуваше да добие поголема улога, 23-годишниот лев бек одигра само 17 натпревари, постигнувајќи еден гол и запишувајќи една асистенција.
Во дресот на Рома, пак, каде што и ја мина младинската школа, Залевски настапи на вкупно 123 средби и успеа да забележи два погодоци и девет асистенции.

Со оваа продажба, Интер успеа за помалку од два месеца да оствари профит од речиси 10 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести