Интер планира да „украде“ играч на Наполи

Голманот на Наполи, Алекс Мерет можно е да си замине од клубот на крајот од сезоната. Чуварот на мрежата има договор со Наполи кој му истекува во јуни 2025 година, што значи дека по завршување на оваа сезона ќе биде слободен играч.

Оваа ситуација може да ја искористи Интер, кој е во потрага по нов голман. Актуелниот голман на Нераѕурите, Зомер наскоро ќе наполи 36 години и едноставно за брзо време ќе биде потребна негова замена. Токму Мерет е опција за наследник на Зомер.

Наполи за Мерет плати 26 милиони евра кога во 2019 година го купи од Удинезе, а сега наполитанците може да го загубат без да добијат ниту едно евро за неговото заминување.

Мерет е повремен репрезентативец на Италија и има 27 години, што значи дека би можел да биде добра инвестиција во иднината.

- Оглас -

Најнови вести