Интер е екипата која ќе има најдраматична завршница на сезоната. Нераѕурите се во трка за одбрана на титулата во Серија А, но ќе биде дел и од финалето во Лига на шампиони. Тоа значи дека гигантот од Милано може на фантастичен начин да ја заврши сезоната.
Во италијанското првенство Интер заостанува само еден бод зад лидерот Наполи, а до крајот на шампионатот има само уште две кола. Во финалето на Лига на шампиони, италијанскиот тим ќе игра против Пари Сен Жермен.
Без разлика како ќе заврши сезоната за Интер, планот на челниците на овој клуб е да се доведат неколку засилувања во летниот преоден рок. Веќе се договорени две засилувања и тие треба да бидат комплетирани уште пред почетокот на Светското клупско првенство.
На „Џузепе Меаца“ ќе пристигне Петар Сучиќ од Динамо Загреб и тој треба да биде замена за Фратези кој ќе си замине. Сино-црниот дрес ќе го облече и Луис Енрике од Марсеј, играч за кој ќе бидат платени 30 милиони евра.
Освен овие двајца играчи, по завршување на Светското клупско првенство треба да бидат доведени уште двајца нови фудбалери. Интер е во потрага и по нов напаѓач, како и квалитетен стопер, кој ќе донесе сигурност во дефанзивниот ред.