Интер по брза постапка го реши Калјари и направи уште еден чекор кон титулата (Видео)

Интер без многу проблеми стигна до нова победа и три бода, откако на „Џузепе Меаца“ со 3:1 славеше над Калјари, во меч од 32 коло на Серија А. Нераѕурите беа големи фаворити пред мечот, а на теренот уште во првите 30 минути ги решија сите дилеми околу победникот.

Се играше 13-тата минута кога Марко Арнаутовиќ одично се снајде во противничкиот шеснаесетник и со силен шут погоди за водство на Интер од 1:0. Овој погодок може да го видите ТУКА.

Арнаутовиќ беше најзаслужен и за вториот погодок, кој беше постигнат во 26 минута. Феноменална асистенција имаше австрискиот репрезентативец кога го испрати Лаутаро Мартинез да биде сам пред противничкиот гол, а Аргентинецот во такви ситуации не промашува. Погодокот на Лаутаро може да го видите ТУКА.

На почетокот од второто полувреме Калјари постигна гол, но кратко траеше надежта на гостите дека може да направат изненадување, затоа што Интер веќе во 55 минута стигна до 3:1.

Со оваа победа Интер стигна до 71 бодови и сега има шест повеќе од Наполи кој  в понеделник на свој терен игра против Емполи. Сите останати ривали имаат двоцифрено заостанување во однос на Интер и едноставно се далеку од трката за титулата.

- Оглас -

Најнови вести