1.8 C
Skopje
недела, 28 декември 2025

Интер победи и како лидер во Серија А ја завршува 2025 година (Видео)

Екипата на Интер минимално со 1:0 победи на гостувањето во Бергамо против Аталанта и се искачи на врвот на табелата во Серија А. По 16 одиграни меча, Интер има 36 бодови и како лидер ќе ја дочена Новата година. Градскиот ривал Милан е втор со 35 бодови, а потоа следат Наполи со 32 бодови, Јувентус со 32, Рома 30…

Во првото полувреме немаше голови, а моментот на одлука се случи во средината на вториот дел. По една грешка во одбраната на Аталанта, Еспозито асистираше до Лаутаро Мартинез, а најдобриот стрелец во тимот на Интер погоди за 1:0. Погодокот на Лаутаро може да го видите ТУКА.

Во продолжение на дуелот двата има имаа стоостотни шанси за погодок кои не беа реализирани, па погодокот на Лаутаро се покажа како клучен за освојување на трите бодови.

- Оглас -

Најнови вести