Интер победи и покажа дека до крај ќе се бори за титулата

Актуелниот италијански првак Интер славеше на негодното гостување во Удине против Удинезе со 2:1 и Нераѕурите сега се вратија само на два бода зад градскиот ривал, во трката за титулата во Серија А.

Милан и Интер во последните три кола ќе водат битка за трофејот, а иако Росонерите се во пол позиција, од Интер најавија дека до крајот ќе се борат. На дуелот против Удинезе, Иван Перишиќ погоди во 12 минута и донесе водство на гостите, а во 39 минута веќе беше 2:0.

Беше досуден пенал за Интер, Лаутаро Мартинез промаши од белата точка, но во продолжение од акцијата сепак успеа да ја затресе мрежата на домаќините за 2:0.

Удинезе се обиде да се врати во второто полувреме и во 72 минута со голот на Пусето намали на 1:2, но домаќините не успеаа по втор пат да погодат и на крајот загубија.

Илија Несторовски остана на клупата за резерви во тимот на Удинезе, тим кој е сигурен на средината на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести