Повредениот бек Бенжамен Павар не играше синоќа во победата на Интер против Удинезе од 4-0, но после мечот беше на терен и им отпоздравуваше на навивачите.
Додека го правеше тоа, одеше наназад, и не виде што му спрема сонародникот Маркус Турам.
Турам клекна и Павар се сопна и се преврте наназад. Насамарениот Павар почна да го брка Турам за да му врати, а оваа сцена стана хит.
https://twitter.com/i/status/1733613023577698668
Павар го стигна Турам, и со насмевка ја прифати шегата и „стапицата“.