Интер подготви понуда за Видал, на ред е Барселона да прифати

Интер и дефинитивно е решен да направи тим кој ќе го симне Јувентус од тронот во Италија. По 17 одиграни меча, Нераѕурите имаат 42 бода, колку што има и Јувентус, што значи дека во 2020 година ќе биде жестока трката за титулата. Токму затоа Интер сака дополнително да се засили во зимскиот преоден рок.

Гигантот од Милано би сакал да го доведе Артуро Видал од Барселона. Тоа е една од желбите на тренерот Антонио Конте. Интер е подготвен да плати 12 милиони евра за трансферот на чилеанскиот репрезентативец, кој сезонава одигра 19 меча за каталонскиот гигант, а има дадено и пет гола.

Лошо за Видал во Барселона е тоа што на поголем дел од мечевите не е стартер, а кулминацијата поради тоа што започнува од клупата се случи пред дуелот со Реал Мадрид. Кога дозна дека нема да игра од првата минута, Видал се налути и го напушти тренингот.

Кај Конте во Интер, Видал би имал загарантирано место во првиот тим, но останува да се види дали Барселона ќе прифати да го продаде посебно поради тоа што Интер нуди само 12 милиони евра, а Каталонците бараат двојно повеќе за евентуално заминување на Чилеанецот.

- Оглас -

Најнови вести