Раководството на Интер подготвува подобрена понуда до Аталанта за Адемола Лукман, пренесува „Газета дело спорт“. Само пред неколку дена од „Џузепе Меаца“ испратија прва понуда вредна 40 милиони евра, но таа беше веднаш одбиена бидејќи Аталанта го проценува играчот на 10 милиони повеќе. Се очекува двете страни да продолжат со интензивни разговори во наредните денови.
Според италијанските медиуми, можно е договорот да се постигне за сума од околу 45 милиони евра, но тоа најверојатно ќе стане јасно во наредните десетина дена.
Интер се обидува да ја победи конкуренцијата бидејќи последниве денови интерес за Лукман покажа и Наполи, иако шампионот веќе ги ангажира Ноа Ланг од ПСВ Ајндховен и Лоренцо Лука од Удинезе за офанзивните позиции.
Напаѓачот има договор со Аталанта до летото 2027 година и во моментов е проценет на околу 60 милиони евра.