Интер полека, но сигурно ја пребродува кризата настаната од пандемијата со ковид-19 поради која мораше да ги продаде Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими.
Но, сето тоа сега станува минато и раководството на тимот веќе планира големи две засилувања.
Првото е Паоло Дибала, за кого веќе од поодамна се говори дека Интер ќе се обиде да го ангажира налето како слободен агент бидејќи му истекува договорот со Јувентус.
Вториот играч е Робин Госенс од Аталанта и преговорите се во напредна фаза, па се очекува во наредните денови германскиот бек да дојде во Милано.
Се шпекулира трансфер-сума од околу 30 милиони евра, а Госенс ќе го замени Иван Перишиќ, кој по крајот на сезоната ќе остане слободен агент.