Италијанскиот фудбалски гигант Интер сериозно е заинтересиран за младиот играч од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез. Според информации на италијанскиот портал „Калчомеркато“, Нераѕурите се подготвуваат да испратат официјална понуда вредна 60 милиони евра за 22-годишниот шпански репрезентативец.
Актуелниот шампион на Серија А активно работи на освежување на средниот ред, имајќи го предвид фактот дека ветеранoт Хенрих Мхитарјан ќе наполни 36 години, а неговиот договор истекува во 2026 година.
Интер го гледа Фермин Лопес како идеално долгорочно решение кое ќе внесе енергија и креативност во тимот на Симоне Инѕаги.
Лопес има извонредна сезона зад себе во дресот на Барселона, каде што постигна осум гола и забележа девет асистенции на 45 натпревари, со учество во погодок на секои 114 минути. Неговите перформанси во Лигата на шампионите, особено во полуфиналните дуели против Интер, не останаа незабележани од скаутите на миланскиот клуб, иако Барса беше елиминирана со вкупен резултат 7-6.
Каталонскиот гигант, кој е ограничен со правилата на финансискиот ферплеј, е отворен за продажба и постави цена од 60 милиони евра. И покрај тоа што Лопес не е стандарден стартер под водство на Ханси Флик, неговите настапи како џокер од клупата, како и медалите од Европското првенство и Олимписките игри со репрезентацијата на Шпанија, му ја зголемија вредноста и го направија еден од најатрактивните млади фудбалери на трансфер-пазарот.