Интер покажа респект за Гранде Пандев и го покани како специјален гостин со тимот на „Етихад“ (Видео)

Горан Пандев го освои трофејот во Лигата на шампионите со Интер и ужива огромен респект во клубот од Милано. Раководството на клубот уште еднаш покажа почит кон Гранде Пандев упатувајќи му покана да биде специјален гостин и поддршка за тимот на гостувањето на „Етихад“.

Интер утревечер против англискиот првак Манчестер сити го игра првиот натпревар од новото издание во Лигата на шампионите.

Пандев беше и на денешниот официјален тренинг, а дека е голема „фаца“ за денешните фудбалери на тимот, покажаа капитенот Лаутаро Мартинес и италијанскиот репрезентативец Николо Барела, кои дојдоа да го поздрават.

- Оглас -

Најнови вести